Ремедиум Вет

Заболување на млечната жлезда

Заболувањето или пореметена функција на млечната жлезда ги опфаќа следните состојби:

Пореметување на продукцијата на млеко и кога состојбата не е поврзана со гравидитет, агалакција (неспособност за продукција на млеко во потребното време, односно во фаза на доење) и галактостаза (абнормално насобирање на млеко во млечните жлезди).

Маститис или воспаление (инфекција) на млечните жлезди. Може да се појави во повеќе или само во една жлезда, а се јавува обично во време на лактација. Во повеќето ситуации причина се бактерии кои доаѓаат асцедентно преку млечните канали до внатрешноста на жлездата. Други можни причинители на оваа состојба се и трауми (од малите кученца кои цицаат) и ширење на инфекцијата хематогено. Воспалението најчесто се јавува кај постарите единки или оние со пократки нозе кај кои е поголема веројатноста да се повредат. Но тука како многу важен фактор за појава е и лошата хигиена.

Маститисот може да биде и една многу болна состојба која е обично локализирана, но кај некои може да доведе и до системска инфекција или сепса (бактеријска инфекција на крвта).
Најприметлив симптом на инфекција е отечена млечна жлезда, зголемени брадавици, црвенило, гноен или обоен исцедок, болни на допир млечни жлезди, апатија, намален апетит, зголемена телесна температура…

Маститисот најчесто се јавува кај кучките кои дојат. Повредите, лошите хигиенски услови и можноста за веќе присутна болест се предиспонирачки фактори за појавата. Во некои ситуации маститисот не хитна состојба, а заболените животни не покажуваат знаци дека се болни. Маститсот обично е акутно воспалениа. Ако не се забележи, а животното е моментално со паднат имунитет и имаме присуство на потенцијална бактерија, инфекцијата може да се прошири и на останатите жлезди. Кучките кои ќе се најдат во оваа состојба, веќе се болни и потребна им е интензивна грижа. Млечните жлезди до толку можат да се воспалат и да се појават абцеси, и таа состојба до доведе до појава на гангрена.

Покрај маститисот постојат и други слични заболувања, со многу слична клиничка слика, па затоа е потребно да се направи преглед.

Related Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *