Ремедиум Вет

Оралната хигиена е важен предуслов за здравјето на кучињата

Забниот каменец претставува темна наслага на површината на забите а може да биде со различна боја и конзистенција. Се состои воглавно од фибрин, епителни клетки, состојки на плунката и е поволна средина за развој на бактериите. Може да биде причина и за непријатен здив од устата. Затоа одржавањето на оралната хигиена е од важност.

Наталожениот каменец често предизвикува појава на гингивитис-воспаление на непцата, кои се отечени и зацрвенети а подоцна може да дојде и до патолошки промени на вратот на забот.
Што се однесува на усната празнина и негата на забите, постојат доста препарати кои имаат задача да превенираат создавање на забен каменец и да го елиминираат непријатниот здив од устата. Пастите за заби се со вкус на пилешко, така што кучињата добро ги прифаќаат. Со редовно миење на забите ги одстранувате бактериските колонии и на тој начин вршите превенција на болести на усната празнина. Значи миењето на забите на сите раси на кучиња е препорачливо со цел превенција на болести на забите и усната празнина, како и непријатниот здив.
После 2 години на повторно чистење
 
Чистење на забен каменец на 7 годишна шпиц женка
Чистење на заби и вадење на заб,
затоа што осеќал болка при јадење
Стерилизација и чистење на забен каменец
На 8.5 години старост прв преглед
и прва интервенција.
              Овде немавме избор.
    Моравме да ги извадиме сите заби.