Ремедиум Вет

Стерилизација и операција на папочна кила

Папочна кила се јавува кога дел од цревата излегува низ отворот на стомачните мускули во близина на папокот. Оваа појава е честа но генерално безопасна.

Папочната кила е почеста кај малите кученца(новородените), но може да се појави и кај постарите кучиња. Кај кученцата, таа може да биде поизразена кога плачат бидејќи при плачење тие се напрегаат предизвикувајќи папокот да се испакне кон надвор.

Многу ретко се случува таа да се повлече сама по себе, најчесто е потребно да се изврши операција за да се санира таа состојба.

Оваа кучка е стара речиси три години и денес беше на закажан термин за стерилизација и воедно извршивме операција на папочната кила.