Ремедиум Вет

Лајшманиоза – тешка и неизлечлива болест

Лајшманиоза кај кучињата е тешка и неизлечлива болест која е се поприсутна во нашата земја. До пред неколку години не и се даваше некое посебно значење, поради нејзината реткост. Во поново време се почесто се дијагностицира.

Причинител е Leishmania infantum, протоза од фамилијата Tripanosomatidae. Болеста ја пренесува ат песочните муви, кои се најктивни ноќно време. Живеат најчесто во темни и влажни простории, се поблиску до домаќинот, односо кучето. Активни се од мај до октомври.

БОЛЕСТА Е ПРЕНОСЛИВА И НА ЧОВЕК

Времето на икубција на болеста може да варира од неколку месеци до 2 години.

Во некои фази болеста неможе лесно да се примети и може да остане долго неоткриена. Но кога имаме генерализирана форма најкарактеристични симптоми се : зголемени лимфни чворови, анорексија, мускулна атрофија, лезии на кожа (улкуси, периорбитална алопеција, ексолиативен дерматитис), кератоконјуктивитис, слабост на задните нозе, чиреви на кожата помеѓу прстите, губење на влакната на главата и опашката, сува и перутава кожа, болки во зглобовите, отоци по телото, зголемена жед….

За нејзино дијагонстицирање се користат брзи тестови, но сепак најдобар начин е лабораториското испитување.

За разлика од луѓето кај кои лекувањето е успешно, кај кучињата и после долготрајно лечење болеста се враќа. Општо прифатено мислење е, иако нема потполно излечени кучиња од оваа болест, со давање на адекватна терапија, им се овозможува квалитетен живот.

Треба да се напомене дека ниту еден лек не може во потполност да ја елиминра болеста од организмот на инфицираното куче. Успех во лечењето се потврдува со редовна контрола на крвта и докажување на намален број на антитела.

Како превенција препорачуваме да се користат репеленти, да се намали активноста во текот на ноќта, да се избегаваат долги вечерни прошетки, да се стават на прозорите густи мрежи против комарци, средината каде што живееме да се третира со инсектициди…

Вакцината за превенција од оваа инфекција сеуште не е достапна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *