Ремедиум Вет

Лажна бременост кај кучкитe

Лажната бременост или pseudograviditet е состoјба која се јавува кај женките од сите раси на кучиња кои не се стерилизирани и не се парени. Оваа појава воглавно се случува помеѓу 6-тата и 12-тата недела после еструсот. Псеудогравидитетот не е болест, туку се карактеризира како состојба на негравидната женка која има физички и психички симптоми на бременост. Настанува како резултат на пореметена функција на хормоните. Доаѓа до пад на нивото на прогестерон и започнува лачење на пролактин кој е главен хормон за лактација односно надоаѓање на млекото. Лажната бременост, доколку се јави повеќе пати во текот на животот може да биде и сериозен проблем, бидејќи укажува на неправилна работа на ендокриниот систем.

 

Знаците на лажна бременост можат да варираат од едвај приметливи до доста озбилни. Поради лачењето на хормонот пролактин, доаѓа до зголемување на млечната жлезда и цедење на млеко.
Тоа може да доведе до воспаление на вимето. Исто така доаѓа до промена во однесувањето на животното. Кучката се однесува ка

ко навистина да е бремена. Таа е мирна, склона е кон задебелување и има појачан апетит. Се јавува мајчински инстинкт, па може да се случи да прави гнездо и да пронајде играчка која ќе ја чува и ќе се однесува кон неа како да е младенче. Пред наводното породување, почнува да цимоли, вознемирена е, а може да се јави и слузав исцедок од вагината. Доколку сопственикот не е сигурен дека неговото милениче е навистина гравидно, одењето на ветеринар може да го отсрани секој сомнеж.

Превентива

За да се спречи појавата на лажна бременост, најдобра превенција е стерилизација на женката, доколку е можно пред првото парење. Голем број на луѓе оваа хируршка интервенција ја сметаат за неприфатлива, скапа и опасна. Меѓутоа, стерилизацијата бара минимална хоспитализација, не е опасна и решава многубројни проблеми. По тој пат ќе спречите хормонални пореметувања и ќе го отстраните ризикот од појава на лажна бременост, развивање на инфекции на матката, воспаление на млечната жлезда и настанување на чести тумори