Крипторхизам е термин за нецелосно спуштен тестис. Тоа е релативно честа појава во која тестисот не се спуштил целосно во скротумот. Може да биде еднострано или билатерално. Тестисите се спуштаат од абдоминалната празнина во скротумот на крајот од бременоста или кратко време по раѓањето. Кога се спуштаат во скротумот, тестисите може да застанат затоа што семеводот е премногу краток, ингвиналниот канал е премногу тесен или тестисот е премногу голем.
Причините за крипторхизам обично се наследни, и затоа кучињата со крипторхиди се исклучени од размножување. Мажјаците со билатерален крипторхизам обично не се способни за размножување, бидејќи тестисите откажуваат поради зголемена телесна температура, додека едностраните крипторхиди се релативно способни за размножување, што не се препорачува поради наследноста на болеста.
Крипторхизмот може да биде абдоминален, ингвинален и прескротален, кога тестисот е превисок во скротумот. Крипторхизам најчесто се дијагностицира на возраст од приближно 2 месеци, кога кученцето доаѓа на вакцинација, пред која се прави општ преглед.
Третман
Се препорачува хирушко отстранување на заостанатиот и здравиот тестис.
За повеќе информации и закажување на преглед контактирајте не на 00389 78 206 972