Ремедиум Вет

Пиометра

Што е пиометра (лат. pyometra)?
Пиометра е гнојно воспаление на матката кај кучки и мачки. Се јавува исклучиво кај нестерилизирани животни, а особено кај стари животни кои никогаш немале легло, и кај кучки кои примиле хормонска терапија ( во вид на одлагање на циклусот или терапија за абортус).

Симптоми на пиометра
Првите симптоми се појавуваат околу месец и половина, до два месеци по циклусот. Кучката е посмирена, летаргична, температурата на телото може или не е покачена, понекогаш може да се забележи зголемен и напнат стомак, повраќање и дијареа, слабост на задните нозе.
Понекогаш има гноен исцедок од вулвата и во тој случај дијагнозата е многу едноставна.

На т.н затворена пиометра, нема исцедок бидејќи грлото на матката е затворено, па дијагнозата е посложена. Потребно е со ултразвук или рендген да се утврди дека матката е зголемена и исполнета со содржина.

Третман на пиометра
Третманот мора да се започне што е можно поскоро, особено во случај на затворена пиометра, каде што постои опасност од пукање на матката под притисок на гнојната содржина, а гнојната содржина да се прелее во абдоминалната празнина.

Покрај стандардната антибиотска терапија, во случај на отворена пиометри, може да се дадат лекови кои го поттикнуваат исфрлањето на гнојната содржина од матката. Во случај на затворена пиометра, тоа не е можно.

Во секој случај, единствениот сигурен и препорачан третман е хируршка интервенција со која се отстранува матката, заедно со гнојната содржина, што му дава многу поголеми шанси на телото да закрепне без бактерии и токсини кои се испуштаат во крвта.

Покрај тоа што е најсигурен метод, хируршката интервенција е и најдобра метода, од причина што со отстранување на матката веќе нема шанси пиометра повторно да се појави, како што е случајот со терапијата со лекови, каде што постои можност за болеста да се повторува по секој третман.

Превенција на болеста

Единствениот начин да се спречи болеста е да се стерилизира животното, и тоа да се направи што е можно порано, што во исто време ја намалува можноста животното да заболи од тумори на млечните жлезди подоцна во животот.

За повеќе информации и закажување на преглед контактирајте не на 078 206 972