Ремедиум Вет

Агресија на кучињата врз сопствениците и фамилијата во домот!

Знаци на агресија
– Лаење
– Подигање на усните нагоре
– Касање
– Ржење

Генетика
Генерално кај кучињата ретко има појава на агресија но се јавува кај одредени раси на кучиња од типот на ротвајлер доберман пит бул и сл.
И кај овие раси на кучиња може да нема знаци на агресија, агресијата само по себе се јавува како последица од лошиот тренинг на кучињата како и физичко казнување доколку е се јаува непослушност кај истите.

Генетски доколку има кај одредени раси предуспозиција тоа е наведено и мора да се наведе во педигрето на кучето.

Возраст
Вообичаено се јавува кога кучето е социјално зрело (12-36 месечна возраст) а се јавува и кај помладите во одредени случаи.

Пол
Машките освен кастрати е позастапена агресијата према фамилијарните луѓе

ЗНАЦИ
– Агресијата се јавува околу местата за одмор,хранта,играчките или во дохват на омилените работи кои ги поседува вклучувајќи ги и луѓето.

– Агресијата може да се примети во одбрана на територија,кон други кучиња или кон непознати луѓе.

– Агресијата не може секогаш да се види во одредени ситуации кои доведуваат до таквото однесување или има агресија во домот према одредени луѓе или поединци.

– Здрвена цврста позиција на телото,остар поглед,главата горе,ушите исто,опашката нагоре поставена се поставки за агресивно однесување.

Меѓутоа може и друга комбинација како опашката нагоре,но ушите се спуштени и очите се авертиран што укажува на елемнти на анксиозност и конфликт со што укажува на страв кај кучето.

– Понекогаш кучињата појавуваат чувства на бестрашност што може да исчезнат и да преминат во агресија.

– Анксиозноста се јавува при интеракција миленик-сопственик во одредени ситуации како заминување на сопственикот од куќата.

– Некои кучиња ја контролираат средината преку агресивноста,други се анксиозни со секој нов приод а има и кучиња кои се самоуверени и безбедни за околината и сопственикот без разлика на било која дразба доаѓа према него.

– Генерално кучињата немаат физички абнормалности што доведуваат до агресивно однесување, но во одредени медицински состојби,болни состојби особено доста болни може да доведат до експресија на агресивност кај кучето.

ТРЕТМАН

– Третман со медицински средства
– Избегнување на ситуации кои може да доведат до агресија и лимитиација на физичкиот контакт со кучето.
– Да не се казнува кучето со физичка сила и средства
– Секогаш да се носи долг подводник за да може да се елиминира односно помести кучето од одредени ситуации од кои може да произлезе агресија.
– Контрола на грижа према кучето пред да добие некоја желба од сопственикот како на пример кучето мора да седи или лежи на земја пред да добие храна,галење или одење на прошетка
– Соодветна физичка активност може да ја намали инцидентноста на појава на агресијата.
– Ниска содржина на протеини/висок триптофан во храната може да се намали појавата на агресијата но нема некоја сигнификатна разлика сепак зависи и од единка до единка.

ХИРУРШКА ТЕХНИКИ – Кастрација и стерилизација.

Целта на целиов третман е да се контролира проблемот а не да се бара лек кај некои случаи со соодветна комуникација и третман се постигнува солиден успех кај кучињата.

СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА БИДАТ СВЕСНИ ДОКОЛКУ НЕМА СМИРУВАЊЕ А ВОЕДНО И СПРЕЧУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВРЕДИ ДА СЕ СПРОВЕДЕ ЕУТАНАЗИЈА !