Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните“ и за дочекот на Новата година нема да има огномет. Граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни и светлечки ефекти и богата музичка програма.
Оваа одлука ја пригатија и повеќе хрватски градови, Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други.
Сите знаеме дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина и предизвикува паничен страв кај многу животни.