Сите постари миленици како кучињата и мачките треба внимателно да се следат во однос на нивното однесување,соодветна исхрана како и редовен контакт со ветеринарот, ќе има огромен позитивен ефект врз здравјето на вашиот стар миленик. Постојат 3 многу важни обврски на сопствениците кои многу значат за здравјето на стариот миленик.
1. Редовни ветеринарни прегледи
- зачестени редовни прегледи особено кога ќе наполнат за кучињата 7 години и 8 години кај мачките.
- рана дијагностика и третман на одредени заболувања.
- подобар квалитетен живот со идентификување на болка и нејзино намалување, соодветен план за исхрана и вежбање, како и модификации на животната средина за да има поголема удобност.
2. Појава на конгенитивни промени
Кај постарите миленици најчесто ги забораваме промените на однесувањето во просторот на живеење, поврзани со синдромот на конгенитивна дисфункција на нервниот систем (Алцхајмер ) како :
- несоодветна извалканост во куќата
- намалени социјални интеракции и комуникации со околината
- промена на навиките на спиењето(повеќекратни будења,често мокрење,анксиозност.)
- создвање фобии према одредени објекти, како и заборавање на познатите наредби од страна на сопственикот.
3. Соодветна,одржлива и здрава исхрана за постарите миленици
Постарите миленици во однос на исхраната ,се разликуваат од помладите со тоа што конзумираат помалку храна и вода од истите.
За да се одржува нивното здравје и виталност мора да имаат соодветен избалансиран оброк, богат со многу минерали и витамини за подолг и квалитетен живот.
Користете ниско калорична и масна храна која содржи 25% протеини и 11% масти, во исхраната да се додаваат и суплементи кои содржат голем процент на омега 3 масни киселини, калциум, магнезиум и витамини.

Прочитајте повеќе:
КАКО ДА ЈА СОЦИЈАЛИЗИРАТЕ ВАШАТА МАЧКА
КАКО ДА ГО НАУЧИТЕ СВОЕТО МАЛО КУЧЕ ФИЗИОЛОШКИТЕ ПОТРЕБИ ДА ГИ ИЗВРШУВА НА ЕДНО МЕСТО