Ремедиум Вет

Како да ја социјализирате вашата мачка?

Некои мачки сакаат и многу лесно стануваат членови од нашите семејства, а на некои потребно ќе им биде повеќе време. Причините кои стојат во позадина се многу бројни. Како што се срамежливост (кој би рекол дека мачка може да се срами), траума и стравови, и многу важна е возраста на мачката. За било што да се преброди потребно е време и трпение, и да се следат правилно советите за да може процесот на социјализација да биде успешен.

-Бидете трперливи и сочуствителни
-Секојдневните активности почнете ги во помали простории
-Обраќањето со повишен тон избегнете го, мачките се преосетливи на викање
-Давајте награди од храна и секогаш давајте и утеха
-Имајте непосреден пристап кон неа

Важно е да не се обесхрабрувате или да се откажете. Исто така, не се обвинувајте себеси или мачката. На некои мачки ќе им треба повеќе работа од другите, а некои мачки секогаш ќе бидат срамежливи и ќе избегнуваат многу интеракција со луѓето.

Related Posts

One thought on “Како да ја социјализирате вашата мачка?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *