Кучињата се чисти животни, а навиката на кучето да ги  извршува физиолошките потреби надвор од куќата е процес кој бара упорност и трпение. 
Кучињата често го мирисаат тлото пред самото мокрење или кружат наоколу, па е потребно да се обрати внимание на овие знаци и брзо да се реагира. Малите кучиња обично ги извршуваат своите физиолшки потреби веднаш кога се будат или после оброкот, па спремете се на тоа така да во тоа време да го изведете на прошетка или доколку не сакате надвор, поставете му весници после секој оброк и навечер пред спиење. 
Во текот на целиот ден кучето треба да има достапност до весниците за вршење на потребите. За да го поттикнете за при секое вршење на физиолошките потреби да користи ист простор, добро би било да ставите еден дел на извалкана хартија под нов чист лист на весник. Кучето брзо ќе го препознае сопствениот мирис и брзо ќе научи потребите секогаш да ги извршува на исто место во куќата. 
Доколку кучето го изведувате надвор, секој пат водете го до истото место и поттикнете го со некоја наредба како побрзај или биди брз. Задолжително пофалете го кога ги извршува своите физиолочки потреби на зелено место. НИКОГАШ не го казнувајте доколку имало незгода на подот и не го ставајте неговиот нос во нередот, бидејќи кучето ќе почне да ви се палши. Доколку го видите дека ги врши своите потреби во куќата, со построг глас речете му не, а потоа преместете го на местото кое е предвидено за тоа.
Никогаш немојте да си играте со кучето надвор, пред да ги изрши своите потреби. Кучешкиот измет е непријатен и опасен по здравјето, па затоа секогаш чистете по кучето. За тоа користете кеса или лопатка за чистење, па после чистењето, фрлете го изметот во канта или во вц шоља. Доколку вашето куче ги извршило потербите во домот, извалканото место исчистете го со дезинфекционо средство.