Главна улога во формирањето на забниот каменец има забниот плакт. Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти. Може да се отстрани со стругање или четкање.

Има неколку причини кои доведуваат појава на забен каменец :

-          Недостаток на орална хигиена
-          Кога кучето јаде само мека храна
-          Неправилна положба на забите
-          Зголемена рапавост на забите
-          Ретенција на млечни заби 

 Мерки кои треба да се превземат.Каменецот се отстранува со стоматолошка интервенција. Постапката се изведува во општа анестезија и трае околу 15-20 минути. Во анестезија се воведува после извршен клинички преглед. Механичкото отстранување се изведува со помош на стоматолошки инструменти, ултразвучно чистење, брусење и полирање со специјални пасти.Само преку овие фази отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.