Ремедиум Вет

Како Вашето куче да се однесува подобро

Вашиот миленик ви прави проблеми? Научете го како подобро да се однесува и што можете да направите по тоа прашање.

  1. Нека знае вашето куче кој е главен од почеток. Утврдете ги правилата и упорно следете ги.
  2. Ако вашиот миленик лошо се однесува во одредени ситуации или опкружување, избегнувајте ги тие ситуации колку е можно повеќе.
  3. Ако обратите внимание на своето куче, брзо ќе научите што му е потребно за да му биде удобно и да би бил негуван.
  4. Кога добиете нов миленик, погрижете се внимателно да го набљудувате во текот на тренингот и ограничете му пристап на мала област од вашата куќа додека не биде истрениран како треба.
  5. Охрабрете го и наградете го доброто однесување.
  6. Исправете го лошото однесување така што на својот миленик ќе му дадете алтернатива ( на пр. Дајте му играчка за ги замени вашите чевли, или стап за џвакање за да не ја гризе ногата од столот ).
  7. Никогаш не казнувајте го кучето физички, и немојте на тој начин да го натерувате да ги исполнува вашите команди, бидејќи тоа може да води кон страв и агресивност.
  8. Немојте да го охрабрувате грубото и агресивното однесување кај својот миленик, бидејќи тоа не знае да разликува кога е тоа прифатливо а кога не.
  9. Полека запознајте го своето куче со други луѓе, животни и околина за да со времето му постане пријатно да живее во такви животни ситуации.
  10. Ако вашиот миленик продолжи да покажува сериозни проблеми со однесувањето, побарајте совет од вашиот ветеринар.

Related Posts