Помислата дека вашето куче ќе оди на операција е застрашувачка. Некои оперативни зафати се стандрадни, вообичаени и рутински во денешно време. Меѓутоа стерилизацијата е голем и инвазивен хируршки зафат кој не треба да се потценува како таков бара соодветна постоперативна нега кај поголем дел од пациентите.
Постоперативната домашна нега е доста важна за неговoто заздравување. Едноствано сопствениците треба да го разберат самиот зафат и да бидат запознаени со истиот и да ги следат инструкциите упатени од страна на ветеринарниот хирург.
Што е стерилизација ?
Хируршката интервенција стерилизација представува хируршки оперативен зафат со кој се отстрануваат женските полови органи (јајници и матка) со цел превенција на непланиран гравидитет на кучката со што после интервенцијата кучката нема да има циклус и нема да може да раѓа. Самиот зафат се изведува кога кучето е под генерална односно општа анестезија. Истиот зафат се изведува и од други причини како на пример пиометра или рак на матка и др.
Припрема за стерилизација од дома
12 часа пред интервенцијата потребно е кучето да не јаде за да се извршат потребните тестови и припремата за самата анестезија особено инјекционата како и предмедикацијата за да не дојде до несакано повраќање.
Постоперативно лекување
Откако ќе заврши хируршката интервенција кучето се носи дома на постоперативна нега и опоравување. Пред да се испушти од амбулантата треба да се разбуди претходно да е во топло загреана просторија и доколку е потребано да се дадат течности со инфузија секако зависно од текот на операцијата како поминал. Кучката и нејзиното опоравување е индивидуално, најчесто веднаш по анестезијата уринираат и пијат доста вода, особено да се внимава на храната да не се дава обилно бидејќи самата анестезија предизвикува гадење и вашиот миленик може да поврати а притоа да ве испаничи вас.
Домашна постоперативна нега
Во домашни услови миленикот потребно е да има пристап до вода и да е во топла просторија , за да се загрее и намали тресењто кое се јавува постоперативно од самата анестезија. Во овој периот кучето може да оди и некоординирано и споро, но тоа е нормална реакција и не треба да предизвикува паника кај сопствениците. Едноставно треба да бидете околу кучката да и посветите внимание и самата таа подобро и побргу ќе се опорави од самиот зафат и излезот од анестезијата. Доколку осетите дека има болки постоперативно потребно ќе биде да се даде соодветен аналгетик особено во првите 24 часа кои ќе ви ги препише ветеринарот.
Одржувајте ја просторијата топла
Анестезијата за да се исчисти комплетно од системот треба да поминат 12-24 часа. Во текот на овој период самата кучка има проблеми до регулацијата на телесната температура и затоа треба да се внимава допонително и да биде соодветено затоплено.
Исхрана
Бидејќи анестезијата предизвикува гадење треба постепено да се храни со мали обороци кои ќе се зголемуваат постепено ден за ден како таа се опоравува. Не треба да се паничи во овој период нормално е да има мал губиток на апетит самата кучка.
Инцизијата/хирушкиот рез
Пред да ја напуштите ординацијата убаво погледнете го резот и побарајте упатства од ветеринарот доколку имате некои нејаснотии во врска со истиот. Постоперативна нега посебно за резот нема, единствено треба да се внимава да нема пукање на конците и самата инцизија, да е на суво, да не се навлажнува. Може да се појави мал оток но секогаш ќе бидете во комуникација со ветеринарот. Никогаш не дозволувајте колку сте во можност кучето ја лиже и гризе раната ! Тоа може да се регулира со соодветна елизабет колан околку вратот. Се препорачува да се носи 10 дена од денот на операцијата.
Дневна активност во периодот на заздравување на раната
Одмор ! Мирување !
Секогаш како и кај луѓето така и кај животните секој опертифен зафат бара одмор и мирување за подобро заздравување на раната. Темпераментот кај кучињата е различен меѓутоа генерално сите се активни и треба да се внимава да нема голема физичка активност додека заздравува самата рана. Одкако ќе почуствува дека и е подобро веднаш започнува да игра, скока да ги извршува истите активности како и пред самата интервенција.
Затоа треба да се погрижиме да нема :
▪ Скокање на и од фотељата.
▪ Скокање на и од креветот.
▪ Трчање нагоре и надоле по скалите.
▪ Било какква активност со која ќе се растегнува раната! Многу лесно може да пукнат конци и да има отворена рана која бара итна интервенција.
▪ Играње и активност со други кучиња најмалку 2 недели.
▪ Пуштење од подводник ▪ Никако подолги подводници секогаш кратки !
▪ Капење на кучето најмалку 10 дена.
Шетање на кучето
При шетањето на кучето треба да се внимава во каква средина се шета. Секогаш треба да се внимава и да се шета кучето во чисти средини , чисти паркови и сл. Шетањето во загадени средини носи ризик на контаминација на инцизијата на кучето. Особено е ова битно кај малите раси на кучиња каде стомакот не им е далеку многу од тревата односно подот.
И секогаш запамтете кучето да се шета на краток поводник !