Ремедиум Вет

Што можат да намирисаат кучињата?

Различни раси на кучиња имаат различни способности. Некои се створени да бидат чувари, додека некои се сепак повеќе миленици отколку заштитници. Меѓутоа, сите тие имаат некои заеднички карактеристики.
Кучињата за многу работи се водат на својот мирис, а ова се некои од најнеобичните работи кои тие можат да намирисаат:

ДИЈАБЕТЕС

Кучињата имаат можност да намерисаат дијабестес кај луѓето. Секако, со тоа тие не се раѓаат, но имаат способност да се истренираат како би можеле на време да ги предупредат своите сопственици кои боледуваат од дијабестес- кога критично им е покачен шеќерот во крвта.

БАКТЕРИИ

Благодарение на својот извонреден мирис, кучињата можат да откријат и да го следат движењето на бактеријата. Точно затоа кучињата се тренирани да пронајдат болни кошници како загрозените пчели би се сочувале- поготово во области каде пчелите се во опасност од преголемите количини пестициди кои се користат.

МИНЕРАЛИ И РУДА

Кучињата може да се обучат да пронаоѓаат минерали и руди бидејќи со своето развиено сетило за мирис можат да ги осетат мирисите кои потекнуваат од големи длабочини под земјата.

РАК

Клетките на ракот во организмот имаат карактеристичен мирис кој можат да го откријат животни кои имаат доста развиено сетило за мирис, како што се кучињата. Научниците докажале дека пациентите кои се заболени од некој вид карцином  испуштаат мириси додека дишаат- а тренираните кучиња можат да ги предупредат луѓето на опасноста од рак само со мирисање на нивниот здив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *