Ремедиум Вет

Што треба да знаете за болеста Штенечак – Distemper.

Оваа болест е многу контагиозно вирусно заболување, раширено насекаде во светот и представува еден од најопасните причинители за смрт кај кучињата. Вирусот е посебно отпорен во надворешна средина, кој може така да преживее многу години. Болеста најчесто се јавува кај невакцинираните кучиња од 3 до 8 месеци старост, но и кај повозрасните единки кои не се вакцинирани.
Врусот на штенечакот има изразен афинитет спрема епитените клетки. Тоа се клетки кои се наоѓаат на површинските слоеви на органите за дишење, орагните за варење, се наоѓаат на кожата, слузниците и мозокот.
Болеста се јавува во повеќе форми, а секундарните инфекции и комликации значајно го отежнуваат текот и прогнозата на болеста. Првите знаци на заболувањето се: зголемена температура, намален апетит, апатија и воден исцедок од носот. Овие симптоми често знаат да се заменат со симптоми на настинка, така да треба да се имаат во предвид.

Во следните неколку дена бојата и густината на исцедокот се менува во жолтеникава, леплива и густа, понекогаш и со темна боја. Се појавувват и станати симптоми на заболување на органите за дишење во вид на кашлица, бронхитис, воспаление на белите дробови… На кожата во пределот на стомакот се појавуваат гнојни чиреви. Појава на зачестен пролив, кои доведува до јака дехидрација на организмот. Во следните неколку денови доаѓа до наизменичен раст и пад на температурата, додека општата состојба на болното животно варира. Прогнозата е дубиозна.
Во друг случај на болеста, 2-3 недели после инфекцијата кај некои кучиња доаѓа до појава на нервни симптоми кои започнуваат со кратки напади и грчеви, тресење на главата и џвакачката мускулатрура. Покасно, можат да се појават и епилептични напади, неконтролирано движење, цвилење, губење на рамнотежа и некоординираност. Обично кучињата кои ќе ги развијат овие нервни симптоми не преживуваат, или ако преживеат остануваат се трајни поголеми или помали оштетувања.
Постои уште еден облик на штенечак кој се јавува кога вирусот ќе ја нападне кожата на шапите и носот, при што на овие места доаѓа до орожнување како кај болеста Hard pad disease –  болест на тврди шепи.
               
Терапија – кога ќе се земе во предвид комплексноста на болеста, третманот на лечење треба да му се препушти на ветеринарот. Антибиотици се даваат за да се спречат секундарните инфекции, надокнада на течности со интравенска апликација, корекцција на ацидо – базниот статус на телесните течности, седативи и антиколвулзивни лекови.
Успехот од лечењето во голема мера зависи од брзината на реагирање на сопственикот да ги препознае првите симптоми и да побара професионална помош и од имунолшкиот статус на кучето.
Превентива – вакцинација против ова заболување мора да се врши кај секоја старосна категорија на кучиња и мора да биде под контрола на ветеринар.