Сега веќе деведесет годишниот Воли Конор, одгледувач на лучиња од Австралија, во 1989 година ја створил расата лабрадудл, како би ги задоволил специфичните потреби на еден пар од Хаваи. На жената и било потребно куче водиќ за слепи особи, а нејзиниот сопруг бил алергичен на кучиња со влакна како на лабрадорот. Неговото решение било да ги вкрсти расите пудлица и лабрадор.
Ова вкрстување станало голем тренд во светот, што луѓето почнале да вкрстуваат пудлици со било која друга раса и добивале многу симпатични кучиња, но не обратиле внимание дека се загрозува нивното здравје.
Многу мешани раси на кучиња добиени со вкрстување, вклучувајќи го и лабрадудл се осетливи на наследни болести, што го отежнува нивниот живот, но и животот на нивните сопственици.