Ремедиум Вет

Парвовироза кај кучињата

Парвовирозата е заболување кое кај народот е познато како мачкина чума. Ова има е погрешно затоа што болеста нема никаква поврзаност со мачките, ниту пак тие ја пренесуваат на кучињата.
Парвовирусот е многу контагиозен вирус и долго преживува во надворешна средина. Раширен е во целиот свет. Овој вирус има афинитет спрема клетките на тенките црева, коскената срцевина и лимфните клетки.
Од оваа болест можат да се инфицираат сите старосни категории, но најчесто со видлива клиничка слика заболуваат кучињата кои се помлади од една година. Кучињата помлади од шест недели поретко …

заболуваат затоа што го штити пасивно стекнатиот имунитет пренесен од мајката.
Инфекцијата настанува перорално. Од момемнтот на внес на инфективните честици до појава на првите клинички знаци обично е потребно да поминат пет дена. Кога вирусот ќе стигне во организмот на кучето, прво го напаѓа тимусот, следниот ден лимфното ткиво, третиот и четвртиот ден од инфкецијата веќе се наоѓа во крвта, а од четвртиот и седмиот ден … ги напаѓа цревните крипти.

Клиничка слика

Клиничката слика обично почнува со обилно и јако повраќање. Кучето во почетокот повраќа храна која непосредно ја јадело, потоа повраќа течност, која може да биде пенаста, жолта, жолтозелена или бела. Понекогаш со примеси од крв. Кучето за брзо време видно ослабнува, станува депресивно, го губи апетитот.. најчесто сака да пие голема количина на вода, но штом ја испие веднаш ја повраќа. Кучето е депресивно, се повлекува во темни и скриени места, слабо или воопшто не реагира на повик од сопственикот. Други симптоми кои се појавуваат следниот ден, понекогаш истовремено со повраќањето  е и обилен пролив. Во почетокот изметот по конзистенција е густ, но после некое време е се поредок, за да на крајот стане скроз воден. Бојата е темно црвена затоа што во себе содрзи крв. Дефекацијата ја вршат без контрола, што значи било каде.

Дијагноза

При клиничкиот преглед ветеринарот ќе констатира дека кучето има покачена температура, но тоа зависи во која фаза се наоѓа кучето. Кучето е без желба за дружење, слабо реагира на надворешни дразби и приметно е дехидрирано. Општата здраствена состојба значајно се влошува ако се појават и секундарни  бактериски инфекции, ако се чува во лоши хигиенски услови, ако се чува со слабо загреани простории или ако е додатно заразен со цревни паразити. Се случува и брза смрт кај младите категории, ако вирусот го нападне срцевиот мускул и ако дојде до воспаление на срцевиот мускул.
Ветеринарот потребно е секогаш да се посомнева на парвовироза ако кучето помладо и со обилен пролив и изразено повраќање. Времената вакцинација и ревакцинација не ја исклучува можноста за оваа зараза.

Терапија

Со терапија е потребно да се почне веднаш после клиничкиот преглед. Најважен дел од терапијата е да не се дозволи јака дехидрација. Инфузиски раствори се даваат интравенски, неколку пати на ден со друга супуративна терапија. Се случува и покрај адекватната терапија и совесните постапки на сопственикот кучето да угине со многубројни компликации.
Кучињата заболени од парвовироза се опасен извор за инфекција за други кучиња, затоа е потребно да се чуваат одвоено. Луѓето кои биле во контакт со болните кучиња треба да ги извршат сите превентивни дезинфекциски мерки. Периодот на изолација на излеченото куче треба да трае уште 10 дена, за да има контакт со други кучиња.

Профилакса

Како мерка за превентива е редовната вакцинација по попишана шема. Првата вакцина на младите им се дава од 6-8 недели, ревакцината за 3 недели и третата доза исто за 3 недели. Најчесто вакцината против парвовироза се дава во комбинација со вакцини за други заболувања. Се пропорачува на скотните кучки да им се даде една доза против парвовироза за да може мајката да им пренесе пасивно имунитет. Сопствениците потребно е да знаат дека првата вакцина не претставува доволна заштита, така да кучето не треба да биде во контакт со други кучиња.