Ремедиум Вет

Позитивните страни

Дали е стварно вредно да се уложи за оваа операција?

Да! Ова е еднократен издаток кој може драматично да го подобри квалитетот на животот на миленикот, а вас да ви ги намали фрустрациите.

Што претставува хируршка стерилизација?

За време на хируршката стерилизација се отстрануваат репродуктивните органи.  Што значи, ако се врши стерилизација на миленик од женски пол се отстрануваат јајниците, јајцеводите и матката. И оваа интервенција стручно се вика овариохистеректомија, која вообичаено се нарекува стерилизација. Ако вашиот миленик е од машки пол се отстрануваат тестисите, а операцијата се нарекува кастрација.

Иако и стерилизацијата и кастрацијата се озбилни хируршки интервенции, најчесто се извршуваат од страна на ветеринар врз кучиња и мачки. Интервенцијата се извршува под тотална општа анестезија, а за намалување на болките се даваат аналгетици. Постоперативниот период е доста важен (период на оправка и зарастување на раната), кој подразбира миленикот да мирува неколку дена после тоа.

Кои се предностите кај стерилизираните женски миленици (куче и маче)?

Женката кај кучињата првиот циклус го добиваат на околу шест месеци, зависно да расата, кој може да трае и до 21 ден. Во тој период таа може да остава крвави траги по домот, може да биде доста вознемирена, плашлива и активно по секоја цена да бара мажјак. Во овој период таа може многу лесно да влезе во конфликт со останати женки дали во истиот дом или кога е надвор на шетање.

Женкикте кај мачките можат да бидат фаза на циклус на секој две недели во во текот „сезоната“ на парење, се додека не станат гравидни. За тоа време може да се очекува често да мјаукаат и да уринираат каде ќе им текне.

Најважно од се е да се изврши рана стерилизација пред појавата на првиот циклус, со тоа може да се помогне да се елиминираат покасно многу несакани проблеми или заболувања, како што се уринарни инфекции и тумори на млечната жлезда, инфекции на репродуктивни органи, лажна гравидност, продолжен и зачестен циклус…

Кои се предностите кај кастрираните машки миленици (куче и маче)?

Способноста за парење или оплодување кај нив се појавува на возраст околу 6-9 месеци старост. Со половата зрелост кај нив се јавува еден непријатен нагон „прскање“ , кои на тој начин ја обележуваат територијата во која живеат, без разлика дали живеат во двор на отворено или дома во стан или куќа. Што е многу непријатно, особено кај мачорите (неподносливо мириса). Тие постојано ја користат секоја прилика за да побегнат кога ќе намирисаат женка во циклус, што може да биде кобно за нив. Во тоа трагање по женката во циклус тие можат да бидат доста агресивни, лесно да влегуваат во конфликт со остани мажјаци, да се здобијат со повреди од борби, да нападнат и луѓе а големи се шансите да ги згази и автомобил.

Со кастрацијата се губи половиот инстикт, се смируваат, се намалува потребата за трагање и се повеќе се задоволни од тоа што се во нивното живеалиште. Со кастрацијата се елиминира можноста за појава на тумор на тестиси и развој на болести на простата.

На која возраст е најдобро да се изврши оваа интервенција?

Со консултација и направен преглед ќе ви се објасни кога е најдобро.

Запомнете дека не е најдобро да се чека за женките да помине првиот циклус или бар еднаш да роди.

Дали операцијата ќе влијае врз карактерот и дали ќе има некои метаболитички промени?

Операцијата нема да влијае врз интелигемцијата или врз способноста за учење, извршување на наредби, играње, работа или за лов кај ловните кучиња. Многу од нив стануваат повеќе поврзани со сопственикот.

Додека сме кај метаболитичките промени.. ТИЕ НЕ СЕ СЛУЧУВААТ…

Треба да се знае декоа после операцијата потребно е да им се даваат избалансирани оборци или накратко кажано храна со 30% помалку калории.