Во денешно време се почесто се јавуваат проблеми со забите кај кучињата, тоа е така затоа што во последните 20 години нивната исхрана многу е променета. Затоа ветеринарната стоматологија стана многу важен дел во ветеринарната медицина.
Возрасно куче има 42 заби. Кај младите кученца првите забчиња излеваат веќе во третата недела, а во 4 месец млечните заби одпаѓаат и на нивно место доаѓаат сталните заби. Веќе во седмиот месец се очекува да имаме комплетно оформено забало.
Веќе во овој период на промена на забите настануваат и првите проблеми, каде што имаме ретенција или заостанат млечен заб, а веќе покрај него имаме испаднат стален заб. Овде мора брзо да се реагира и да се изврши корекција, особено кај изложбените кучиња (кои мора да имаат совршени заби). Ако подолго се остави во таа состојба поради задржувањето на храна забите и гингвите ке бидатподложни на воспаленија и расипување.
Зошто доаѓа до забен каменец?
Здравјето на забите зависи од многу причини. Генетика, исхрана, орална хигиена, начин на чување…
Малите раси на кучиња имаат поголем проблем со забниот каменец. Се прашуваме зошто тоа е така? Малите раси имаат поразличен метаболизам и Ph средина од големите раси. Тој проблем посебно е присутен кај пудлиците, бишоните и малтезерите, кои можат да добијат каменец усте на првата година од својот живот.
Исхраната е еден најважен фактор. Кучињата кои се хранат со мека храна се на мета. Тие сто се хранат со тврда храна мораат истата да ја грицкаат и малку да ја иситнат и во тој процес вршат и механичко чистење на забите, па затоа е мала веројатноста да се створи забниот плак, односо забните наслаги. Што не е случај со меката храна.
Како настанува забниот каменец?
Прво на забите се ствара забниот плак , кој е леплива материја на забите од сотатоци на храна и бактерии, со бледо жолта боја која лесно се отстранува. Доколку редовно не се чистат забите плакот калцифицира и настанива каменецот. Земајќи во предвид дека каменецот е со рапава содржина, на него се задржуваат уште повеќе остатоци од храна, а со тоа и стварање на нви слоеви на плак и каменец.
Е сега доаѓа и потешкиот дел. Каменецот не сам о што се гледа на површината на забите, тој навлегува и под гингивата. Бидејќи на неговата површина има многи бактерии доаѓа и до воспаление на гингивите или Gingivitis. Тоа воспаление лесно се препознава, затоа што гингивите од бледо розеви стануваат црвени, отечени и склони кон крварење, сето тоа пропратено лош мирис.
Доколку каменецот не се отстрани на време доаѓа до појава на Paradentoza, односно повлекување на гингивите, кое предизвикува и отпаѓање на забите.
Лекување
Од кога ќе се појави единствен начин на лекување е отстранување на забниот каменец со ултразвучен апарат.
Превентива
Ние секогаш сме расположени да извршиме едкукација како да се одржува оралната хигиена пред и после чистењето на забниот каменец.
Постојат повеќе начини за да се спечи појавата на каменецот или барем да се продолжи времето на ноговото појавување. Тоа се специјални храни, стапчиња, препарати за чистење, четкање на забите (само доколку ви дозволи).
Напомена:
ЧИСТЕЊЕТО НА ЗАБНИОТ КАМЕНЕЦ СЕ ИЗВРШУВА САМО ПОД ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА
Линкот ве води кон галерија на дел од нашите интервенции:
ГАЛЕРИЈА: ЗАБЕН КАМЕНЕЦ КАЈ КУЧИЊАТА
2 кометнари на “Најчести болести на забите и забен каменец”