Ремедиум Вет

Стерилизација на мачка пред првиот циклус: важност, процедура и придобивки

                                                                                     

Стерилизацијата на мачка пред појавата на првиот циклус (4,5 или 6 месец) е важен чекор за здравјето и долгиот живот на вашата мила миленичка. Процедурата е позната како овариохистеректомија. Се изведува со мал хируршки рез од само 1 см, што значи минимално инвазивна операција со брзо закрепнување.

Зошто е важно да се стерилизира мачката пред првиот циклус?

• Намалување на ризик од тумор на млечна жлезда. Раната стерилизација значително го намалува ризикот од малигни тумори на жлездите, кои се честа причина за смрт кај мачките.

• Превенција на инфекции на матката (пиометра). Стерилизираните мачки не се подложни на оваа сериозна и потенцијално фатална инфекција.

• Помалку скитање и стрес: Мачките кои не влегуваат во репродуктивен циклус имаат помалку желба за излегување надвор, што ги намалува шансите за повреди и зарази.

 

Како се изведува стерилизацијата со рез од 1 см?

Оваа минимално инвазивна процедура вклучува правење мал рез на стомакот, низ кој се отстрануваат јајниците и матката. Благодарение на овој мал рез, вашата мачка ќе има побрзо заздравување и помала постоперативна непријатност.

Заклучок

Стерилизацијата на мачката пред првиот циклус е безбедна и корисна за нејзиното здравје. Со минимален рез од 1 см, процедурата е брза и со минимален ризик, што ја прави идеален избор за секој одговорен сопственик.