Ремедиум Вет

Стерилизација на мачка со многу мали резови од 1 см

Во нашата амбуланта стерилизација на мачки се изведува со многу мали резови од 1 см, со кои самиот постоперативен период е многу краток и животното за брзо време закрепнува и се чуствува многу добро.

Ова се дел од нашите интеревенции:

За време на хируршката стерилизација се отстрануваат репродуктивните органи.  Што значи, при стерилизацијата се отстрануваат јајниците, јајцеводите и матката. И оваа интервенција стручно се вика овариохистеректомија, која вообичаено се нарекува стерилизација.

Интервенцијата се извршува под тотална општа анестезија, а за намалување на болките се даваат аналгетици. Постоперативниот период е доста важен (период на оправка и зарастување на раната), кој подразбира миленикот да мирува неколку дена после тоа.

За бенефитот од стерилизацијата во овој пост ќе се задржиме кратко.

Најважно од се е да се изврши рана стерилизација на мачката пред појавата на првиот циклус, со тоа може да се помогне да се елиминираат покасно многу несакани проблеми или заболувања, како што се уринарни инфекции и тумори на млечната жлезда, инфекции на репродуктивни органи, лажна гравидност, продолжен и зачестен циклус…

 

Повеќе на линкот https://remediumvet.mk/pozitivnite-strani-na-sterilizaczijata-i-kastraczijata-na-vashite-mileniczi/