Ремедиум Вет

Забен каменец кај куче

За ова 8 годишно куче беше закажана интервенција за чистење на забен каменец. По направениот преглед му беше аплицирана анестезија и се притапи кон чистење на збаниот каменец. При тоа видно воспаление беа гингивите(непцата) и се работеше внимателно. По остранетиот каменец дојдовме во ситуација да почнеме да ги вадиме сите расклатени заби, како резултат на големите забни наслаги и воспалени гингиви. Во овој случај извадовме 13 заби. По извршената интервенција наредниот ден кучето веќе се осеќа многу подробро.

На следните линкови ќе можете да прочитате повеќе за појавата на забниот каменец и болести на усната празнина:

Најчести болести на забите и забен каменец
Галерија: Забен каменец кај кучињата
Забен каменец кај кучињата
КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ЗДРАВА УСТА НА ВАШИОТ КРЗНЕН ПРИЈАТЕЛ?
Гингивитис: Воспалени непца или гингиви
Оралната хигиена е важен предуслов за здравјето на кучињата