Оваа млада кучка се заразила при несакано парење со улично куче. Ова е уште една причина плус да се изврши стерилизација и кастрација.
Овој вид на малигнен тумор се јавува најчесто меѓу уличните кучиња кој се парат без контрола и го пренесуваат и на домашните со можност за метастазирање до 5% . Се јавува и кај женките и кај мажјаците. Туморските клетки најчесто се пренесуваат преку сексуален контакт но и со други директни контакти (душкање, лижење, каснување..)
Со сексуалниот контакт доаѓа до повреда на слузницата на половите органи и затоа сексуалната трансмисија е најчеста. Покрај тоа што се наоѓа во гениталната слузница, овој вирус се среќава и на усната и носната слузница.
Првите симптоми на ова заболување во најрана фаза се: видлив вагинален крвав исцедок кај кучките, а кај мажјаците отеченост на пенисот со видливи структурни промени (во форма на карфиол).
За поставување на дијагноза најчесто е доволна анамнезата, клиничката слика и цитолошки бриз. Ултразвучната дијагностика исто така може да помогне во дијагностицирањето на болеста.