Стерилизација и чистење на забен каменец кај куче беа успешно извршени под една анестезија. За време на интервенцијата, кучето беше подложено под општа анестезија, што се овозможи да извршиме две процедури истовремено, со цел минимално стресирање на животното.
Прво, беше извршена стерилизација, при што беа отстранети репродуктивните органи на кучето со цел спречување на непланирани бремености и намалување на ризикот од развој на одредени болести, како што се туморите на репродуктивниот систем.
Потоа, под истата анестезија, се пристапи кон чистење на забниот каменец. Со ултразвучен апарат беше внимателно отстранет забниот плакт и каменец од забите на кучето, што значително го подобри оралното здравје и спречи понатамошни проблеми со непцата, забите и лошиот здив.
Целиот процес мина без компликации, а кучето брзо се разбуди од анестезијата и се опоравува според очекувањата.