Поголем број од одгледуваните кучиња во Македонија, се дворски кучиња. Во зимскиот период потребно е да им се посвети повеќе внимание.



Расите на кучиња кои имаат подвлакно како што се сибирски хаски, полесно ја поднесуваат зимата, но и на нив им е потребна нега. Најважно е кучето да не биде мокро, само така подвлакната ќе ја задржат телесната температура. Кучињата кои имаат кратки влакна потребна им е поголема нега. Во предвид потребно е да се
земе и возраста. Младите и старите се најосетливи  на ладните зимски температури.

Што е потребно да направите вашето куче да ужива во ладната зима?



1. Направете им топла куќарка.

Доколку не сте во можност да го примете кај вас дома, во гаража, подрум, или нешто слично.... направете му добра куќарка. Заборавете на некои импровизирани засолништа направени од картони, гајби, циради и др.




Куќарката потребно е да се направи од дрво или некоја јака пластика, со добра изолација, природно вентилирање и без можност да ствара промаја. Да не е позиционирана на ветер, дождот и снегот да не влегуваат директно во нејзиниот отвор. Ова може да се постигне ако и поставите вратничка или некоја тешка пластична завеса. 
Откако ќе го решите ова следна потребна работа е простирката врз која ќе лежи кучето. Тоа може да биде слама, сено или ќебе. Важно е секогаш да ја одржувате сува простирката.
На пазарот се можат да се најдат и елтрични простирки, кои ја постигнуваат саканата топлина.

2. Секогаш обезбедете свежа храна и вода.
Важно е водата да ја менувате повеќе пати во текот на денот, за да го избегнето нејзиното замрзнување, а со тоа ќе ја избегнете неговата дехидрација.Храната мора да ја збогатите со повеќе калории, затоа што во зимскиот период се трошат повеќе. Посоветувајте се со нас за да ја добиете најдобрата програма за зимска исхрана.Употребувајте пластични садови за храна и вода, да не дојде до залепување на јазикот на металните ладни садови. 

3. Одржување на хигиена.
Доколку вашето куче има долги виснати уши и долги влакна околу устата, редовно проверувајте случајно да не се створил мраз. Друг дел на телото кој е изложен на студот се шапите, најмногу внимавајте на нив. Редовно четкајте ги, затоа што нечистотијата, отпаднатите влакна .... лошо влијаат на топлината. Одржувајте ја хигиената во и околу куќарката, затоа што и на тие ладни температури можно е да се појават крлежи и болви. 

4. Физичка активност.
За жал многу од дворските кучиња се врзани на ланец и движењето им е многу ограничено, тоа е нешто што не го препорачуваме за било кое годишно време. Идеално е да се има доволно простор за движење или добро ограден бокс во кој ќе можат да се движат. 
Кога баш ќе залади, тогаш сте им нај потребни, изведувајте ги два до три пати на трчање, испробајте некои трикови за растрчување, се со цел да ја зголемете циркулацијата и да се загреат. 
Со ова ќе му ги разубавите тие зимски денови, ќе ја убиете досадата. После тоа обавезна проверка на влакната ( дали се суви, дали се појавил мраз... ), состојбата на куќарката, водата и храната. 
Со овие постапки на вашето куче ќе му обезбедите лесно да ја помине ладната зима и да остане здрав и весел,