Ремедиум Вет

Чистење на забен камен и вадење на заби

Се работи за Лора, кучка која има 7 години и е посвоена пред еден месец. Новите сосптвеници закажаа термин за стерилизација и чистење на забен камен. По направениот преглед прво нешто што направивме беше стерилизацијата која помина одлично.

Наредена интервенција беше да се исчисти забниот камен кој го имаше на секој заб во големи наслаги. По чистењето констатиравме многу воспалени непца(гингиви) и расклатени заби.

           

Во оваа состојба кучево многу тешко можело да јаде, затоа што расклатените заби и предизвикувале голема болка. Има едно правило кај кучињата ‘‘секој расклатен заб мора да се извади‘‘ затоа што е нефункционален и го загрозува општото здравје на миленикот и здравјето на здравите заби. Така постапивме и со Лора на која и извадивме 18 заби. Сега е дома и е под антибиотска и аналгетска терапија.