Ремедиум Вет

Што треба да знаете доколку сакате да имате домашно милениче зајак – Ремедиум Вет

Зајаците се уникатни домашни миленици. Тие имаат специфични потреби за долг,среќен и здрав живот и затоа како сопственици треба да превземете одредени чекори :

1.Направете безбедно живеалиште

  • Локацијата на живеалиштето да не биде изолирано од сопственикот и неговата фамилија.
  • За избор на живеалиште може да биде по желба на сопственикот пример комерцијален кафез за зајаци,дрвено живеалиште(куќарќа), а може да биде и од стакли и пластика . најбитната работа е да имаат сите испусти како и доволно простор во истите каде може да игра.

2.Обезбедето го домот од зајачињата

  • Зајаците секогаш сакаат да грицкаат све што сакаат затоа се препорачува изолација на видливи електрични инсталации,книги,украсни домашни растенија, и други ситни предмети што ќе им се најдат пред нив.

3.Секогаш достапно свежо сено

  • Секогаш имајте достапно свежо сено.
  • Малите зајачиња да имаат достапна сува детелина.
  • Возрасните зајаци за имаат достапно ливадско сено, како и овесно сено.
  • Секогаш да имаат достапност до свежа вода и свежи зеленчуци.

4.Обезбедете простор за игра и занимација

  • Картонска кутија е наједноствна занимација за зајаците каде они може да грицкаат движат и функционираат едноставно бидејќи им треба простор да игра и ментална стимулација.

5.Хигиена

  • Редовно четкање на крзното.
  • Сечење на ноктите.
  • Соодветна подлога од сено и дрвена крупна пилевина.
  • За нега на забите секогаш има улога сеното редовното грицкање ги рамни забите и не дозволува нивно прерастување кое доведува до дигестивни проблеми кај зајаците.

6.Редовна годишна посета на Ветеринар за одржување и следење на здравјето на вашиот миленик зајакот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *