Ремедиум Вет

Како вашето куче да се чуствува безбедно и мирно за време на огномет

4 причини зошто кучињата се плашат од огномет

1. Многу се гласни
2. Тие се непредвидливи
3. Тие претставуваат закана
4. Огнометот прави кучињата да се чувствуваат заробени

Како вашето куче да се чуствува безбедно и мирно за време на огномет?

Чувајте го внатре: Дури и ако вашето куче го поминува поголемиот дел од времето на отворено, внесете го внатре за време на огнометите. Ова ќе го спречи да побегне кога се чувствува исплашено, што може да го доведе во опасност.

Создадете безбеден простор: ако вашето куче веќе има некоја куќичка, засолентеја на некое по безбедно и засолнето место, бидејќи тоа е веројатно веќе безбеден простор за него. Ако не, ставете го во бања или друга мала просторија со музика, за да се пригуши звукот од огномет. Во таа просторија донесете ги сите негови ирачки, ќебенца и слично.

Десензибилизација: Започнете да работите со вашето куче доволно однапред за да го десензибилизирате на огномет и други гласни звуци. Можете да го започнете овој процес со пуштање звуци на огномет на ниско ниво додека си играте со вашето куче. Со текот на времето, полека зголемувајте го звукот на огнометот за време на овие сесии за играње. На крајот, вашето куче ќе го поврзе звукот на огнометот со весели и забавни моменти.