Ремедиум Вет

КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ЗДРАВА УСТА НА ВАШИОТ КРЗНЕН ПРИЈАТЕЛ?

Пред да научите како да се грижите за забите на вашето куче (и што може да се случи ако не го направите тоа), треба да знаете како изгледа здравата уста. Здравите заби кај кучињата треба да бидат чисти и ослободени од забен плак и забен камен (кои изгледаат како тврди, лушпести или лепливи дисколорации). Потребно е да знаете деkа вашето куче има 42 заби  (третина повеќе отколку што имаме ние луѓето) и дека треба да имаат многу мал простор еден до друг, односно да не се збиени.

Јазикот на вашиот крзнен пријател треба да биде влажен и по боја розов – без јаки дисколорации и пукнатини. И во повеќето случаи и непцата треба да бидат розови освен ако имаме некоја вродена пигментација. Некои раси на кучиња природно имаат црна или црно-розова боја на непцата, што може да ја отежни некоја ситуација кога е потребно да се дијагностицира некоја болест. 

Затоа е најважно, добро да ја проучете усната празнина на вашиот миленик до секој детал, за да бидете први кои ќе приметите некоја промена. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *