Ремедиум Вет

Дознајте: Што значи кога вашето куче кашла?

Кашлањето кај кучињата може да биде синдром на повеќе здраствени проблеми. Видот на кашлицата, но и која раса е кучето и околностите, можат да откријат која е причината за кашлањето. Еве што треба да знаете кога ќе го чуете вашето куче кога кашла.

Заразната кашлица кај кучињата звучи длабоко и суво. Ако вашето куче имало контакт со голем број на други кучиња, може да добило некоја зараза.
Доколку кашлицата е со висок тоналитет, а притоа многу се лигави и пробува да го проголта секретот, одма реагирајте, одма на преглед кај ветеринар. Оваа состојба укажува на воспалено грло, ангина… но исто така и на заглавено страно тело.

Влажна кашлица се случува кога во белите дробови се ствара слуз или течност. Обично овој вид на кашлица настанува кога имаме воспаление на белите дробови, која може да биде предизвикана од бактерии, вируси, паразити или габички. Нај осетливи се младите, старите и кучињата со ослабнат имунолошки систем.

Џуџестите раси на кучиња, можат при кашлањето да произведат многу лош звук исто како труба. Тоа е состојба која не треба да се чека, веднаш закажете преглед.

За крај, секоја зачестена кашлица мора да се лекува. Навременето лекување дава добри резултати и состојбата за брзо време е под контрола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *