Зошто воопшто предат мачките? Вечно прашање.

Луѓето сметаат дека предењето е показател на мачјата среќа, што и навистина е, но сепак тоа не е единствен причинител зошто мачките го испуштаат тој посебен звук.


До предење доаѓа уште на почетокот на животот на мачката, уште од доење, па по тоа е јасно како тој звук не е ексклузивно врзан за луѓето.Сопствениците на мачките сигурно знаат дека нивните мачки можат да произведат и повеќе типови на предење, слично како што имаат цел репертоар на различни типови на мјаукање.

Звукот кој го произведува мачето додека цица прилично се разликува од предењето кое може да се чуе како звук кога е во прашање уживањето во галењето.
Анализите покажале дека звукот на предење кога е во прашање барање на храна, било од сопственикот или мајката, многу повисок, а по фреквенцијата слична на плачот ( иако не е толку гласен). Кога луѓето ги галат мачките, предењето е мирно и заспивачко, а акустичните анализи покажале дека компонентата на плачот отсуствува.Возрасните мачки предат и кога се во близина или во физички контакт со некоја друга мачка. Понекогаш тоа го прават и кога си играат со некој неподвижен објект или кога јадат. Тоа се случува дури и кога се сами мачките. Најчесто ќе предат сепак тогаш кога се во друштво, кога сакаат храна или внимание.

Ветеринарите кажуваат дека мачките предат и кога трпат големи болки или непосредно пред смртта.
Тоа може да изгледа нелогично ако звукот се поврзе со пријатност, но може да биде и знак дека мачката сака помош.


Тоа би можело да биде и начин на маскирање дека се ранливи и повредени. Малото животно, имено, дури и кога е предатор, намерно не покажува знаци на слабост.Години се дискутирало и за тоа дали можат големите мачки можат да предат и воглавном се верувало како мачките кои рикаат како тигрови и лавови, не можат. А ако можат- тоа добро го кријат.Цицачите во грлото имаат низа на коски кои го подржуваат гркланот и јазикот. Кај мачките кои рикаат тој дел во потполност не е коскен, како што е кај останатите мачки, туку е делимично составен од рскавици, што им го овозможува рикот, но исто така веројатно го оневозможува предењето.