Кучињата сакаат да ги поздрават своите пријатели или сопственикот со скокање врз него од сите страни. Тоа е еден начин да ја искаже својата љубов. Сепек тоа скокање не секогаш е пријатно и љубезно од нивна страна. 
Ако имате куче со ваква навика, следните совети ќе ви помогнат како да го одвикнете од овој вид на поздравување:
ИГНОРИРАЊЕ НА УПАТЕНИОТ ПОЗДРАВ. 
Не се впуштајте во неговата радост. Не реагирајте на неговиот поздрав и кога ќе престане да скока наградете го. Наградата може да биде вербална, физичка и визуелна. Воедно ова се и трите најважни начини за комуникација. Откако ќе престане со скокање, можете да го наградете. Сепак преголемото внимание и наградување можат да го разгалат и повторно да почне со старата навика. 
НАУЧЕТЕ ГО КУЧЕТО СО НЕКОЈА НОВА ВЕШТИНА. 
Наместо стриктно да го одвикнете од скокање, заменете ја таа навика со некоја нова покорисна. На пример, кога ќе ве види да ви пријде и да седне до вас и да чека да биде погалено. 


НЕМОЈТЕ ДА СЕ НАВЕДНУВАТЕ НАДОЛЕ СО НАМЕРА ДА ГО ПРИТИСНЕТЕ НАДОЛУ.
Често пати луѓето пробуваат со вршење на притисок да го смират своето куче, но тој притсот врз него знае да направи проблем. Кучето ке помисли дека тоа е знак за одобрување. 
ЗАЗЕМЕТЕ СТАВ КАКО ДРВО.
Ако вашето куче инсистира на скокање, без оглед на она што се обиделе, потребно е да застане како дрво, да ги прекстете рацете и да погленете нагоре, исто како да сте замрзнати. После тоа опуштете се и наградете го. Но ако повторно почне да скока повторете го истото. Кучето ќе свати дека ако сака да комуницира со вас, ќе треба да престане да скока. 
Замислете секој ден да ве поздравува како на сликава. Дали некој од вас го има овој проблем и што превземал за да го реши? Или пак уживате во оваа навика на вашето куче.