Зошто воопшто предат мачките? Вечно прашање. Луѓето сметаат дека предењето е показател на мачјата среќа, што и навистина е, но сепак тоа не е единствен причинител зошто мачките го испуштаат тој посебен звук. До предење доаѓа уште на почетокот на животот на мачката, уште од доење, па по тоа е јасно како тој звук не е ексклузивно врзан за луѓето.
Сопствениците на мачките сигурно знаат дека нивните мачки можат да произведат и повеќе типови на предење, слично како што имаат цел репертоар на различни типови на мјаукање. Звукот кој го произведува мачето додека цица прилично се разликува од предењет
о кое може да се чуе како звук кога е во прашање уживањето во галењето.
Анализите покажале дека звукот на предење кога е во прашање барање на храна, било од сопственикот или мајката, многу повисок, а по фреквенцијата слична на плачот ( иако не е толку гласен). Кога луѓето ги галат мачките, предењето е мирно и заспивачко, а акусти
чните анализи покажале дека компонентата на плачот отсуствува.
Возрасните мачки предат и кога се во близина или во физички контакт со некоја друга мачка. Понекогаш тоа го прават и кога си играат со некој неподвижен објект или кога јадат. Тоа се случува дури и кога се сами мачките. Најчесто ќе предат сепак тогаш кога се во друштво, кога сакаат храна или внимание.
Ветеринарите кажуваат дека мачките предат и кога трпат големи болки или непосредно пред смртта. Тоа може да изгледа нелогично ако звукот се поврзе со пријатност, но може да биде и знак дека мачката сака помош. Тоа би можело да биде и начин на маскирање дека се ранливи и повредени. Малото животно, имено, дури и кога е предатор, намерно не покажува знаци на слабост.
Години се дискутирало и за тоа дали можат големите мачки можат да предат и воглавном се верувало како мачките кои рикаат како тигрови и лавови, не можат. А ако можат- тоа добро го кријат.
Цицачите во грлото имаат низа на коски кои го подржуваат гркланот и јазикот. Кај мачките кои рикаат тој дел во потполност не е коскен, како што е кај останатите мачки, туку е делимично составен од рскавици, што им го овозможува рикот, но исто така веројатно го оневозможува предењето.