Ремедиум Вет

Зошто некои кучиња си го јадат сопствениот измет?

Можеби некогаш сте приметиле дека вашето куче си го јаде сопствениот измет или изметот од други кучиња, мачки или останати животни. На сопствениците оваа состојба премногу одбивно му изгледа и секогаш бараат стручна помош. Заболувањето се нарекува Копрофагија, и може да  доведе до други заразни заболувања, а најчесто до инфекција со цревни паразити.

Копрофагијата во некои случаи се смета како нормална појава, и потполно вообичаена. Кога кучката го јаде изметот од своите млади, за да го одржи чисто леглото. Младите кутриња на овој налин ја истражуваат средината околу себе, односно го запознаваат светот. Но во секој случај нетреба да им се дозволува во никој случај, затоа што многу лесно може да помине во лоша навика.

Копрофагијата се јавува кај 10%  од возрасните кучиња. Најчести причини поради кои се јавува се: неадекватна исхрана која неможе да ги задоволи дневните потреби од хранливи материи, присуство на цревни паразити кои ги одземаат хранливите материи. Исто така оваа состојба може да се појаву и од доживеан емотивен стрес, кога животното е подолго време оставено само, кога престојува во тесен простор и кога нередовно се чисти ноговото живеалиште.

Најдобар начин да се спречи копрофагијата е да не се дозволува на кучето да дојде во контакт со својот измет или од некое друго животно. Под ова се подразбира: шетање за со поводник и редовно чистење на дворот и живеалиштето каде што престојува кучето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *