Ремедиум Вет

Зошто моето куче е постојано гладно?

СИГУРНО СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ КАКО ВАШЕТО КУЧЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ГЛАДНО ВЕДНАШ ПОСЛЕ ОБРОКОТ?
ДАЛИ ЈАДЕ ДОВОЛНО?
ДАЛИ МОЖЕБИ Е БОЛНО?
ДАЛИ И ДРУГИТЕ КУЧИЊА СЕ ЧЕСТО ГЛАДНИ?
ДАЛИ Е НОРМАЛНО ТОА?

Во повеќето случаеви ова однесување се смета за потполно нормално. Кучињата уште од стари времиња се обидувале да добиваат храна од луѓето. Дали вашето силно, добро нахрането куче глуми глад само затоа што гледа дека тоа дава резултати? Вакво нешто не би требало да ве чуди, бидејќи кучињата се познати манипулатори. Многу кучиња знаат што треба да направат како би добиле парче месо. Поедини научници го поврзуваат кучешкиот апетит со биологијата, истакнувајќи како кучињата го следат само својот инстинкт наследен од дивите предци. Храната е ограничен извор па кога ќе се дојде до неа треба да се јаде што повеќе, бидејќи кучето никогаш не знае кога ќе јаде повторно. Друга теорија кажува дека кучињата се сеќаваат како е да бидат гладни. Голем број кучиња доаѓаат од улица и добро паметат што значи недостаток на храна. Некои кучиња страдаат од ендокрини и гастроинтестинални болести кои предизвикуваат зголемен апетит. Дијабетис, Кушингова болест и некои болести поврзани со панкреасот се одговорни за континуиран глад кај кучињата. Иако нема многу кучиња кај кои гладот е последица на болест, не се двоумете да посетите ветеринар доколку состојбата со вашето куче ве загрижува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *