според Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ, петок, 05 ноември 2021 20:31 куче, царски рез
На договорен термин денес се родија овие три мали френчиња. Борбени, јаки, добро износени и спремни за акција. Ова е втор успешен царски рез на оваа мајка во нашата ветеринарна амбуланта која сега роди три здрави мали, а предходниот пат беа четири кученца. Со нив се гледаме за три недели. Едвај чекаме!