Како на луѓето така и на кучињата чоколадото им е вкусно. Но чоколадото содржи материи кои се токсични во високи дози. Малите кучиња се најосетливи, затоа што релативно мала количина на чоколадо може да содржи многу повеќе токсични материи одколку што можат тие да поднесат.



Зошто чоколадото е штетно?

Чоколадото содржи теобромин, силен стимуланс кој делува на респираторниот систем и кофеин (но во помали количини). Темното чоколадо и чоколадото за готвење содржат најмногу теобромин. Млечното, белото и производите кои содржат мала количина на какао ја содржат оваа материја во помала концентрација. 
Теоброминот го стимулира централниот нервен систем и срцето го зголемува крвниот притисок и ја забрзува перисталтиката на цревата. Симптомите од токсичното дејство на оваа материја се вознемиреност, нервоза, жед, повраќање и пролив. Тешко труење може да предизвика губење на кординираност, напади, кома и смрт. 

Дијагноза.

Ако знаете дека вашето куче изело поголема количина на чоколадо, кажете му на ветеринарот која е количината и видот на чоколадото. Потребната количина за исполновање на токсичниот ефект  зависи од видот на чоколадото и големината на кучето. Ако кучето конзумирало голема количина која може да биде штетна, брзиот третман може да ја намали состојбата на труење. Тежок проблем настанува кога кучето ќе изеде поголема количина на чоколадо, а за тоа сопственикот да не знае. Тоа го спречува ветеринарот лесно да ја даде точната дијагноза.

Како да постапите?

Ако во наредните 4-6 часа го однесете кучето на ветеринар, може да се спречи голема количина на токсинот да не влезе во крвотокот. Затоа реагирајте на време, и не оставајте на случајност, сама од себе да се среди состојбата.