Доколку имате куче за домашен миленик, сигурно сте запознаени со неговиот говор на тело...Меѓутоа, дали знаете што означува секое негово движење? Дали ве сака или не? Дали има доверба во вас или прави нешто само затоа што сте го научиле така?Довербата кај кучињата е најважна и ако животното не ве смета за суштество на кое треба да му верува, тешко ќе излезете на крај со него.
Како што рековме на почетокот, потребно е да ги знаете неговите движења кои откриваат се, бидејќи немаат способност да зборуваат и да ни кажат што чувствуваат. Затоа ви претставуваме три говори на телото кои означуваат дека кучето ве сака многу и со самото тоа има доверба во вас.

-Ве гледа директно во очите

И кај луѓето е познато ова- штом некој ве гледа во очи, значи дека ве слуша, ве почитува и дека ве сака. На сличен начин и кучињата покажуваат доверба. Многу истражувања покажале дека во текот на галењето и гледањето на кучето и кај човековото и кај телото на кучето се зголемило нивото на окситоцин. Знаете и самите дека овој хормон има доста голема улога во поврзувањето, што покажува дека- што повеќе се гледате со кучето, толку повеќе се поврзувате. Што е тоа освен покажување на љубов и доверба?


-Ви го врти грбот

Кога кучето ви го заврти грбот и не ве гледа, тоа е знак дека во потполност ви верува и дека знае дека ништо лошо нема да му направите. Истотака покажува и колку пријатно се чувствува додека сте со него.

-Ви го покажува стомакот

Покажувањето на стомакот во природата е познато како потчинување или покорување и кучињата тоа не го прават тоа често, освен кога се во близина на особи кои многу ги сакаат. Кога легне на грб и кога го чешете по стомакот, треба да знаете дека и вашето куче знае дека направило нешто добро и дека во потполност ви се предало.