Секое куче различно старее!

Теоријата за тоа како да се сметаат кучешките години, до сега била јасна: една човечка година одговара на седум кучешки. Меѓутоа, овој податок веќе не е точен!
Стареењето на кучињата и нивните години, зависат помеѓу останатото и од нивните раси. Брзината на стареењто зависи од неколку фактори, а некои од нив се возраста, квалитетот на исхраната и расата. По правило помалите кучиња се подолговечни од големите, па така еден мал малтезер ја надживува големата германска дога. Поради тоа е доста битно со што ги храниме нашите миленици.
Кога кучето ќе наполни шест години, доста е важно да се промени храната во склад со неговите потреби. Постарите кучиња имаат помала потреба за енергија, а тоа значи дека од обичната кучешка храна можат да добијат премногу калории, па со самото тоа и вишок килограми. Гојазноста кај кучињата, баш како и кај човекот, можат да предизвикаат различни болести кои го намалуваат нивниот животен век.

Одговорен и добар сопственик ќе внимава на вакви работи и ќе ја менува храната во склад со потребите на неговото куче. Големите кучиња стареат полека, но после петтата година од нивниот живот, процесот на стареење се забрзува, па така големите кучиња во десеттата година од животот имаат 66 човечки, а малите раси кучиња имаат 56 човечки години.