Зајаците се уникатни домашни миленици. Тие имаат специфични потреби за долг,среќен и здрав живот и затоа како сопственици треба да превземете одредени чекори :
1.Направете безбедно живеалиште
⦁Локацијата на живеалиштето да не биде изолирано од сопственикот и неговата фамилија.
⦁ За избор на живеалиште може да биде по желба на сопственикот пример комерцијален кафез за зајаци,дрвено живеалиште(куќарќа), а може да биде и од стакли и пластика . најбитната работа е да имаат сите испусти како и доволно простор во истите каде може да игра.
2.Обезбедето го домот од зајачињата
⦁Зајаците секогаш сакаат да грицкаат све што сакаат затоа се препорачува изолација на видливи електрични инсталации,книги,украсни домашни растенија, и други ситни предмети што ќе им се најдат пред нив.
3.Секогаш достапно свежо сено
⦁Секогаш имајте достапно свежо сено.
⦁Малите зајачиња да имаат достапна сува детелина.
⦁Возрасните зајаци за имаат достапно ливадско сено, како и овесно сено.
⦁Секогаш да имаат достапност до свежа вода и свежи зеленчуци.
4.Обезбедете простор за игра и занимација
⦁Картонска кутија е наједноствна занимација за зајаците каде они може да грицкаат движат и функционираат едноставно бидејќи им треба простор да игра и ментална стимулација.
5.Хигиена
⦁Редовно четкање на крзното.
⦁Сечење на ноктите.
⦁Соодветна подлога од сено и дрвена крупна пилевина.
⦁За нега на забите секогаш има улога сеното редовното грицкање ги рамни забите и не дозволува нивно прерастување кое доведува до дигестивни проблеми кај зајаците.
6.Редовна годишна посета на Ветеринар за одржување и следење на здравјето на вашиот миленик зајакот.