Ремедиум Вет

Препорака – и производите без шеќер можат да бидат опасни!

На сите им e познато дека кучиња не треба да јадат блага храна и дека шеќерот е штетен по нивното здравје. Сепак многумина мислат  дека одредени производи обележани како шугар фри, односно без шеќер, се добри за нивните миленици и би можеле да ги заблажат со закуски  кои во себе имаат замена за шеќер.

Сепак, ова би можело да биде ризичен потег, многу такви производи како замена користат супстанца ксилитол, засладувач кои е потполно безбеден за луѓе, но за кучиња погубен. Во последниве неколку години регистрирани се смртни случаи кај кучиња по конзумирањето на храна во која се наоѓал ксилитол.Ксилитол кај кучиња по конзумирањето, предизвикува нагло ослободување на инсулин, хормон кој му дозволува на шеќерот да се апсорбира во клетките. Овој пораст на шеќер во крвта станува ризичен по живот  на кучиња. Првите симптоми се повраќање, малаксалост, отежнато движење и стоење, нервни напади и на крајот до  коматозна состојба. Сето ова  се случува во роко од петнаесет минути по конзумирање храна со ксилитол, а смртта е можно да настапи и за помалку од еден час!Им советуваме на  сите сопственици на кучиња да ги проверат состојките на храна и сите останати производи како паста за заби,специјално тие што се обелжани како да се „без шеќер„ или со „ниска концентрација на шеќе. Помеѓу останатото, ксилитолот најчесто се среќава во: сладоледи без шеќер, пасти за заби ,сирупи за кашлица, путер од кикирики и лешник и слични производи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *