Пречките во проодноста на тенките црева кои за последица имаат неможност или отежнат премин на цревната содржина, се проблем кој доста често се јавува во ветеринарната пракса на малите животни. Според причинителот за појава на опструкцијата, ги делиме на: 

  • опструкции поради причинителот кој се наоѓа надвор од цревниот волумен 
  • опструкции чиј причинител се наоѓа во волуменот на цревата
  • опструкции кои настануваат со задебелување на ѕидот на цревата 
  • опструкции кои настануваат поради пореметена функција на цревата  
  • вродени заболувања


Опструкциите на цревата чиј причинител се наоѓа надвор од волуменот на цревата настануваат со компресија на ѕидот на тенките црева, така што доаѓа до потполна неможност на пасажа на содржината во цревата. Причинители на вакви опструкции можат да бидат тумори, зголемени лимфни чворови, кила во кои доспевасат тенките црева, врзување на цревата (volvolus), вовлекување на цревата (ivaginatio).

Опструкциите на тенките црева кои настануваат со задебелување на самиот ѕид на цревата предизвикани се од воспалителни процеси на цревата, тумори, апцеси.
Опструкциите чиј причинител се наоѓа во самиот лумен на цревата најчесто се предизвикани од најразлични страни тела кои можат животните да ги внесат. Проблемот со внесување на страни тела во организмот претежно се среќава кај младите животни кои од љубопитност во устата внесуваат најразлични предмети, иако вакви проблеми не се исклучуваат и кај возрасните животни. Кај возрасните животни како главен причинител на опструкција се коските, но истотака и играчки и предмети кои животните преку игра ги проглтуваат. Кај мачките страните тела во дигестивниот тракт се среќаваат поретко отколку кај кучињата, бидејќи тие се повнимателни при внесување на намирници и предмети.
Вродените аномалии на цревата доста често ја отежнуваат нормалната пасажа на содржината низ луменот на цревата. Во зависност од видот на аномалијата, штенето или мачето може да појават симптоми веднаш по раѓањето, но често сипмтомите се јавуват дури кога животните почнуваат да се прехрануваат или да земаат цврста храна.



Клинички знаци

Кога е во прашање на пример парцијална, проста опструкција, симтомите во почетокот се доста благи, скоро неприметливи. Заболените миленици повремено покажуваат нејасни клинички симптоми: вознемирени се, цвилат, одбиваат храна, повраќаат. Меѓутоа, како одминува времето симптомите стануваат се поизразени, животното слабее, нерасположено е, има слаб апетит, повраќа се почесто и е безволно. Телесната температура во почетокот не е зголемена, но покасно може да дојде и до покачување. Има случаеви кога симптомите се равиваат месеци и години, на пример во случај на појава и пораст на тумори во стомачната празнина кои како растат вршат се поголем притисок на цревата.Кај странгулациската опструкција на цревата сиптомите се засилени и клиничката слика е потешка. Животното нагло почнува да повраќа, апатично е, потполно одбива храна, тешко станува, вознемирено е, покажува болност во пределот на стомакот. Општата состојба се влошува, и ако не дојде до благовремена интеренција на ветеринар животното угинува.

Дијагноза

Сопственикот треба да каже што повеќе за сите симптоми кои ги приметил кај миленикот на ветеринарот. Доста е важно сопственикот да каже дали неговиот миленик боледувал од некоја болест во последно време, а особено е важно да нагласи ако имал било какви дигестивни проблеми и како се манифестирале.Доста важен метод во дијагностиката на опструктивните пореметувања во цревата е ренгенолошкиот преглед. Ултразвучниот преглед е истотака корисен метод за дијагноза, бидејќи со него можат да се откријат тумори во абдоменот, инавагинации а често и страни тела.

Терапија

Во терапијата на опструктивните заболувања на цревата, најважно е да се отсрани причинителот кој довел до опструкција. Опструкцијата во најголем број на случаи се отстранува со хируршка интервенција. Секој пациент кој треба да се оперира треба да биде третитан со давање на инфузиски раствори и лековити средства кои ја подобруваат состојбата.Некои животни по хируршката интервенција, со соодветна нега, исхрана и чување, доста брзо и лесно се опоравуваат, додека некои кои подолго боледувале и кај кои постоела тотална опструкција на цревата потешко се опоравуваат, а се возможни и трајни последици.Опструктивните заболувања на цревата чиј причинител е функционално пореметување на цревата се лечат со конзервативни методи. Меѓутоа, за милениците со вакви заболувања, прогнозата е доста лоша. На ваквите животни е потребен секојдневен третман и совесна и упорна нега од страна на сопственикот и ветеринарот, меѓутоа и покрај тоа, терапијата често не дава најдобри резултати.