Ремедиум Вет

Папагал како домашен миленик

Кои чекори треба да ги превземете за да одгледувате папагалче?

Доколку сакате да чувате домашно милениче папагалче треба да превземете одредени мерки, да се едуцирате од страна на ветеринар за негово соодветно одгледување и која опрема ќе ви биде потребна (хранилка,поилка,кафез итн.).

1.Кафез за папагали

Кафезот е првата најбитна работа која мора да ја купите или направите за вашето папагалче, има најразлични дизајни и стилови за сечиј вкус, сето тоа зависи од сопственикот и од расата на папагалот (нимфа,тигрица..).
Најбитно за папагалот е да има доволен простор за да може да ги шири крилјата и да се движи слободно во кафезот.
Локацијата на кафезот е исто битна,треба да се избегнуваат места каде има непријатни гасови(дим од цигари) и мириси како од кујна и грејни тела кои за суровина користат дрва.
Подот на кафезот секогаш да биде чист, со подлога од дрвени струготини или листови од стар весник како најевтина варијанта за чист под.

2. Храна за папагали

Изборот на храна за папагалите денес е достапна во сите петшопови како папагал микс храна, меѓутоа :
1. Папагал микс готовата храна да не е примарен извор на храна.
2. Секогаш да се користи свежо овошје и зеленчук.
3. Авокадо и чоколадо да не се користат, токсични се за папагалите.
4. Бисквитот е исто идеален за конзумација и добар додаток во исхраната.
5. Достапност до свежа вода.
6. Доколку се дават кикиритки да не бидат од продавници за папагали, бидејќи може да содржат алфатоксини, да се купуваат од продавница за луѓе.
7. Додаток од витамини исто така да се вклучат во исхрната доколку има потреба.

3. Како папагалот да биде среќен ?

1. Да се пушта барем еднаш дневно под надзор, да не направи некое оштетување на мебел или да избега !
2. Купете најразлични играчки од локалните пет шопови
3. Користење на свежи гранки со листови (неотровни)кои може да бидат исто така корисни.
4. Секаков вид на занимација како конопско јаже, гранки, дрвени скалички, картони и останати занимации

Од витално значење е редовна посета на ветеринар еднаш годишно за следење на здравјето на вашиот папагал, редовните посети ќе придонесат до подолог и квалитетен живот на папагалчињата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *