Психолозите обично користат модел голема петка (анг. Big Five), фактор за опишување на човечката личност. Тоа се следниве пет фактори: отвореност спрема искуство, совестност, екстраверзија, пријатност и неуротицизам. Меѓусебното испреплетување на овие пет димензии го обликуваат нашиот карактер, барем во очите на некои психолози.

Тим на научници, мнозинството од универзитетот на Јужна Австралија обликувале сличен индекс на личноста кај мачките.
Во трудот објавен во списанието Plos One тимот ги изложува петте фактори кои го формираат карактерот на мачката : неуротицизам, екстраверзија, доминација, импулсивност и пријатност.
Научниците развиле индекс со помош на големо испитување дури на 2.291 мачји сопственици во Австралија и Нов Зеланд. 308 мажи и 1.850 жени добиле попис на 52 однесувања на кое требало да забележат во колкава мерка кое однесување може да го приметат на нивните домашни миленици на скала од 1-7. Вклучени се однесувања како: имаат кратка фокусираност, брзо се повлекуваат или се отргнуваат од други мачки и смирено и сигурно се однесуваат без влијание на емоции. Научниците ја искористиле статистичката анализа во класификација на испитаните 52 однесувања како би составиле модел мачјите пет.
Научниците тврдат дека нивниот индекс на личноста можат да помогнат на сопствениците на мачките да создадат подобра околина за нивните сакани домашни миленици. Неуротичните мачки би можеле да имаат корист од дополнителни места за криење по куќата или пристап на мирни и тивки подрачја, пишува во трудот, додека екстровертните мачки би можеле да имаат дополнителна стимулација и  сложено збогатување на околината како би се избегнала досадата, покрај дополнителниот простор за игра, дополнителни сензорни предмети и играчки, и друштвени интеракции со луѓето.