Вашиот миленик ви прави проблеми? Научете го како подобро да се однесува и што можете да направите по тоа прашање.
1.Нека знае вашето куче кој е главен од почеток. Утврдете ги правилата и упорно следете ги.
2.Ако вашиот миленик лошо се однесува во одредени ситуации или опкружување, избегнувајте ги тие ситуации колку е можно повеќе.
3.Ако обратите внимание на своето куче, брзо ќе научите што му е потребно за да му биде удобно и да би бил негуван.
4.Кога добиете нов миленик, погрижете се внимателно да го набљудувате во текот на тренингот и ограничете му пристап на мала област од вашата куќа додека не биде истрениран како треба.
5.Охрабрете го и наградете го доброто однесување.
6.Исправете го лошото однесување така што на својот миленик ќе му дадете алтернатива ( на пр. Дајте му играчка за ги замени вашите чевли, или стап за џвакање за да не ја гризе ногата од столот ).
7.Никогаш не казнувајте го кучето физички, и немојте на тој начин да го натерувате да ги исполнува вашите команди, бидејќи тоа може да води кон страв и агресивност.
8.Немојте да го охрабрувате грубото и агресивното однесување кај својот миленик, бидејќи тоа не знае да разликува кога е тоа прифатливо а кога не.
9.Полека запознајте го своето куче со други луѓе, животни и околина за да со времето му постане пријатно да живее во такви животни ситуации.
10.Ако вашиот миленик продолжи да покажува сериозни проблеми со однесувањето, побарајте совет од вашиот ветеринар