Историските податоци покажуваат дека Египќаните биле први кои ги припитомиле мачките и почнале да ги третитаат како домашни миленици.
Прашањето е зошто човекот посакал да има еден ваков крзнен пријател?
Како човекот дошол на идеја да припитоми едно такво животно?


Научниците, благодарение на египетските мачји мумии, имаат доказ дека Египќаните први ги припитомувале мачките, но и дека ги одгледувале за да бидат питоми. Меѓутоа, целта за одгледување на питоми мачки сепак првобитно не било да бидат домашни миленици.
Египќаните имале големи одледувалишта каде ги одгледувале мачките кои биле жртвувани на боговите во различни ритуали кои тие ги имале. Тоа што Египќаните одгледувале мачки може да се разбере како прв чекор кон припитомување на мачките. Поради тоа што биле одгледувани од страна на луѓе, мачките станувале се помалку и помалку диви, а и почнале да се навикнуваат на луѓето.Мачките имале доста значајна улога во древнит Египет. Тие преставувале инспирација за египетската уметност дури 4000 години пред нашата ера.Божиците кои се почитувани во стариот Египет биле Мафдет која е прикажувана како жена со лавовска или мачешка глава и Баст- божица на убавината, жената и плодноста. На нив Египќаните како жртви принесувале мачки, кои се предци на денешните домашни мачки.Во Северна Африка пред 4000 години мачките станале популарни бидејќи претсавувале и погодни ловци на штетници околу куќата. Така мачките малку по малку станувале дел од домаќинствата, за да денес бидат најпопуларни домашни миленици насекаде во светот.