Ремедиум Вет

Ерлихиоза кај кучињата

Ерлихиоза е инфективно заболување на кучињата, говедата, коњите, овците, козите и некои диви животни како и на човекот. Болеста се карактеризира со неспецифични знаци на инфективна болест: покачена температура, малкасаност, болки во мускулите и зглобовите, атаксии, повраќање, депресија, летаргија како и намален број на крвните клетки. Во хроничен тек на болеста може да дојде до оштетување на коскената срж па се јавува панцитопенија.
Причинители на ерлихоза се рикеции од родот Ерлихија, мали грам-негативни, односно интрацелуларни бактерии.Заболувањто се пренесува со убод на крлежи, кога крлежот го внесува заразениот секрет во плунковните жлезди. Крлежот се заразува цицајќи крв од заразени животни. Животните можат да бидат инфицирани без клинички симптоми и тогаш претставуваат клицоносители. Болеста најчесто се појавува во период на топли и влажни месеци кога и активноста на крлежите е засилена.

ЕРЛИХИОЗА КАЈ КУЧИЊАТА

Ерлихиозата кај кучињата ја предизвикуваат неколку видови на ерлихија. Од значење е моноцитната  ерлихиоза која ја предизвикува Е.canis, а кај гранулоцитната предизвикувач е Е.ewingi, каде клиничката слика е слична но со поблаг тек на болеста. Симптомите се јавуваат најчесто две недели после наодот на крлежот на кучето. Болеста често протекува субклинички. Постојат разлики во клиничката слика во зависност од расата на кучето, патогенезата на причинителот и отпорноста на организмот. Во акутниот тек на болеста кучето е депресивно, летаргично, има покачена температура, нема апетит, доаѓа до зголемување на лимфните чворови, црниот дроб и слезената. Животното слабее, се јавува крварење или исцедок од носот. Настанува васкулитис и хеморагична дијатеза. Овие симптоми се минливи и исчезнуваат за 7-15 дена дури и без терапија. Повеќето кучиња го преживуваат акутниот напад, после што болеста преминува во субклинички облик кој трае повеќе месеци или години, а се забележува само промена во крната слика. На крвната слика се  забележува значителен пад на леукоцитите и тромбоцитите. Ако животното не ја преболи болеста се јавува хроничниот облик, тн. тропска кучешка панцитопенија, како последица на оштетување на коскената срж  од која кучињата можат да угинат поради сеопфатни крварења во слузниците, серозите и кожата, невролошки пореметтувања, едеми и исцрпеност. Крварењата настануваат поради недостаток на тромбоцити. Невролошките симптоми можат да се јават и во двата тека на болеста како последица на менингоенцефаломиелитис. Хроничниот тек може доста долго да трае. Кај гранулоцитната ерлихиоза на кучињата доаѓа до инфекција на неутрофилните гранулоцити и ретко еозинофилите. Болеста поминува во благ, клинички едвај препознатлив облик.

ДИАЈГНОЗА

Се поставува на основа на епизоотиолошките податоци, анамнеза, клиничка слика и лабараториска дијагноза. Лабараториските испитувања опфаќаат преглед на крвните размази обоени по Гимза и серолошки методи (индиректна имунофлуороресценција, имуноензимски тестови).

ПРОФИЛАКСА

Подразбира уништување на крлежите кои се преносители на оваа болест.