Колку да ги прихрануваме/наградуваме нашите миленици со дополнителни исхрана?

Дали премногу им даваме на нашите миленици награди во форма на храна ?
Големиот дел од сопствениците на домашните миленици, им даваат дополнителна храна на нивните миленици, како еден вид на награда. Самата таква храна е калорична, и често се заборава на количината која се дава, во текот на денот.
За да не дојде до прекумерна тежина на милениците, сопствениците треба да внимаваат во давањето на овие закуски,грицки на милениците.
Еве неколку совети: 

1. Ограничување на оваа храна


Дополнителната храна од типот на паучи, дентални стапчиња,  стапчиња од месо и други додатоци во истите, се калорични и затоа не треба да се даваат дополнително ако веќе миленикот го примил дневниот оброк кој е избалансиран со соодветна калорична вредност.

Дополнителната храна се дава во умерени количини, со процентуална застапеност од само 10%, или како храна при давање на соодветен лек од ветеринарот.

2. Храна од нашата трпеза ?


Голем дел од сопствениците, како еден вид на љубов према миленикот, често даваат остатоци на храна од нашата трпеза.

Ова не треба да се применува, бидејќи храната за исхрана на луѓето е доста калорична и со доста зачини, кои можат да му наштетат на вашиот миленик.

Зачини кои не се за конзумација на милениците :

Кромид
Чоколадо
Лук
Суво грозје, суви сливи итн.
Свежо грозје

Здравјето на вашиот миленик, зависи пред се од храната, затоа внимавајте !